Просветно дело издаде таблет-сликовници

Деновиве од “лабораторијата за приказни“ на издавачката куќа Просветно дело излегоа два ексклузивни наслови за деца. Станува збор за сликовниците – таблет насловени како паметен таблет – диви животни и Паметен таблет – домашни животни кои претставуваат првите звучни изданија на македонски јазик.

TABLET divii zivotnif

Овие уникатни сликовници содржат екран на допир како вистинските таблети. Децата ќе бидат воодушевени од можноста да читаат модерна енциклопедија, но и да работат на свој таблет со животни кој лесно може да го извадат и да си играат со него. На располагање им се четири можности: да ги чујат гласовите на животните, да слушаат забавни мелодии, да одговараат на интересни прашања и да го проверат своето знаење низ игри. И сето тоа на македонски јазик!

Просветно дело со издавањето на Паметните таблети продолжува да ги следи светските трендови кога станува збор за литературата за деца и за новите технологии на печатење. Во таа смисла, уредувачкиот тим од оваа издавачка куќа подготвува уште многу инртерактивни звучни и 3Д изданија кои и` се обраќаат на новата генерација деца која ужива додека учи и чита, да осознава, допира, создава и си игра.
“Откако ја стартувавме приказната со издавањето на комерцијални изданија од најдобрите светски лиценци, како Штрумфови, Ворнер брос, Дизни, Бен10 и Хелоу Кити, наш актуелен предизвик се музичките, 3Д и сликовниците со додатоци. Искуството со последните неколку наслови, како на пример апсолутниот хит – Малиот доктор, покажаа дека овие изданија се полн погодок и бележат рекордна продажба,“ вели по повод на објавувањето на паметните таблети, директорката на комерцијално-маркетиншкиот сектор на Просветно дело – Весна Дукоска.

TABLET domasni zivotnif

You May Also Like