(видео) Јовано Јованке во изведба на словенците Perpetuum Jazzile

Словенечкиот вокален оркестар Perpetuum Jazzile кои со своите гласови ги имитираат сите инструменти ја понудија бесплатно на интернет познатата македонска песна „Јовано Јованке“ која ја изведуваат на сите свои концерти.

perpetuum jazzile

Аранжманот за песната „Јовано Јованке“ е напишан од членовите на групата: Андраж Слакан, Само Вовк и Вања Дисдаревиќ. Солистка е Марта Костурска, по потекло Македонка.

Како што соопштија од Амбасадата на Словенија во Македонија, членовите на групата Perpetuum Jazzile одлучиле оваа за нив исклучително драга песна бесплатно да ја понудат на својата публика преку интернет.

Perpetuum Jazzile песната прв пат ја претстави на фестивалот Охридско лето во 2012 година.

You May Also Like