Работилници „Со длабок здив против лошите навики“

Коалиција на невладини организации „Боите на животот” со подршка на меѓународната фондација „Уметност на живеење од Македонија“, организира две бесплатни рекреативни работилници наречени „Со длабок здив против лошите навики“ по повод 31 мај светскиот ден на непушењето.

 

svetski_den_na_nepusenjeto

Целата на оваа активност е е да се потсетат младите и граѓаните на РМ дека треба да се ангажираме себе си за да се заштитиме од нездравите навики и тоа преку вежбање на современи и јога вежби.

Главната мисија на коалиција на невладини организации е создавање на општество без стрес и насилство. Нашите активности се насочени кон потикнување на зголемена свест кај општестото и поединецот, преку градење на здрави навики. Веруваме дека така младите луѓе ќе ги разбудат позитивните вредности (среќа, радост, внатрешен мир, чувство на припадност и поврзаност со луѓето, физичко и ментално здравје) во сите сегменти и димензии во животот.

Вежбите кои ќе се работат придонесуваат за намалување на стресот, зголемување на радоста и ентузијазамот, подобрување на ефективноста и продуктивноста (на работа и дома), поголемо самопочитување, подобрено здравје, подобрени меѓучовечки односи, почиста перцепција и донесување на одлуки.

Оваа манифестиација се состои од две активности

28.05.2014 – 19.00 “Баланс 9” – ул. Христо Смирненски бр 37, лок 1.

31.05.2014 – 18,00 Градски парк -стар дел- тревникот пред езерцето

You May Also Like