Како се работи со ливчињата на Доман?

Неколку пати до сега, пишувавме за користењето на методот на Глен Доман. Тој смета дека со систематска работа со вашето дете од најрана возраст можете во значајна мерка да влијаете врз неговиот понатамошен развој.

Ова се основните чекори на Глен доман до кои треба да се држите употребувајќи ги ливчињата како показно средство:

– Почнете од нај рана возраст. Колку е помало детето, толку полесно ќе научи се.
– Искрено радувајте се и пофалете го детето за секој негов успех. Сите сакаат да бидат пофалени, дури и ворасните.
– Прикажувајте ги чивчињата не повеќе од 1-2 секунди. Ливчињата со зборови треба да се прикажат доволно време, кратки зборови-1 секунда,долги, 2 секунди… Не држете ги предолго зошто детето ќе изгуби интерес.
– Не прикажувајте едно зборче, повеќе од три пати на ден.
– Вклучете нов материјал, почесто. Детето е способно да впива се што е ново, како сунѓер, особено во првите години од животот. Вашето дете е способно да научи многу повеќе, отколку вие може да си замислите. За него гледањето ливчиња преку кои учи е игра.
– Престанете со “играта“ пред детето да посака. Во никој случај не го терајте на сила, ако е изморено, налутено или едноставно не сака да си игра. Материјалот нема да биде усвоен, а детето нема да има интерес покасно да се занимава со него.
– Вежбајте редовно. Добро е да си направите програма, за да може детето да се програмира и ја очекува со нетрпение “играта“.
– Бидете подготвени. Картите или ливчињата со зборови, треба да бидат подредени. И секогаш запомнете, важно е темпото.
– Не го наградувајте детето после часот и не му ветувајте подароци, за да не стекне асоцијација, учење-подарок.
– Запомнете, треба да ви биде весело и интересно учењето заедно со детето.

Л.Ѓ.

You May Also Like