Премиера на филмот „Три во едно“ на Коле Ангеловски

Денеска (петок, 30 мај) во 21:00 часот во киното”Мис Стон”, при Центарот за култура “Марко Цепенков”ќе се одржи македонската премеира на филмот “Три во едно” по сценарио и во режија на мајсторот на комедиите Коле Ангеловски.

Kole-Angelovski

Филмот во Прилеп ќе иам проекции и во сабота и во недела , додека во кината низ Македонија ќе се прикажува од септември вели режисерот Ангеловски.

– Со големо задоволство и елан го работевме филмот кој се надевам дека ќе предизвика интерес бидејќи се опфатени теми од секојдневниот живот. Ова е втора филмска комедија што ја режирам по “Викенд на мртовци” а прва со прилепскиот ансамбл, кој е одлична екипа – изјави на денешната прес конференција Ангеловски.

Продукцијата е на 3 Д, директор на фотогарфија е Антонио Божиноски, монтажата е на Боби Стојменоски, сцената и киостимите на Илина Ангеловска, додека автор на музиката е Томче Темелкоски.,а во филмот игра целокупната екупа на приелспкито театар.

You May Also Like