В среда (5 септември, 2012 година) во 11:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовирана книгата „Кинеење “ од Тони Цифровски.
„Кинеење“ со поднаслов „кино-живеење“ содржи избор од шеесетина филмски критики што новинарот и филмски критичар Тони Цифровски ги создава во период од четири години, а се објавувани во дневниот весник „Дневник“.
На промоцијата за делото на Цифровски ќе говорат Мими Ѓоргоска Илиевска – директор на Кинотеката и филмологот Петар Волнаровски.
Издавач на „Кинеење“ е „Маска“ од Скопје, а објавувањето финанскиски е поддржано до Министерството за култура на Македонија.