SUN PRODUCTION го најавува гостувањето на едни од најголемите и најбараните имиња на електронската музичка сцена во моментов: ДЈ-ите АЛИ и ФИЛА (Египет) и ДЈ Атма (Германија), кои вечер (14 март, петок) во МКЦ ќе настапат на две концептуално одвоени сцени.
Египетското ДУО кое во последниве неколку години се рангира во врвот на светската електронска музичка елита според еминентниот ДЈ МАГАЗИН (www.djmag.com/top-100-djs), креаторите на се популарното музичко радио шоу FUTURE SOUND OF EGYPT, чија песна “We control the sunlight” во 2011-та година беше избрана за најдобра трака на “A state of Trance” – радио шоуто на Армин Ван Бурен.
Андреј Оливер Брасовен – ДЈ Атма е еден од пионерите на електронската музика во Источна Европа. Роден во Трансилванија, живее во Германија. Започнува да продуцира техно музика уште во 1991 година. Повеќе од две децении на електронска музика сцена со стотици настапи во живо на техно-транс сцената, познат во целиот свет по својот уникатен стил и неговите настапи во живо.
Домашна поддршка ќе бидат Дј-ите од SUN PRODUCTION.