Во саботата (1 септември, 2012 година) во манастирот Свети Пантелејмон кај Кочани, заврши ликовната колонија „Свети Пантелејмон“.
Крајот на колонијата беше означен со мала ретроспективна изложба на делата кои во текот на 5 дена ги создадоа уметниците – учесници.
Во Кочани инспирирани од манастирскиот комплекс, богатиот фрескопис и планинскиот амбиент твореа уметници од Скопје, Прилеп, Битола и Струмица.
Дваестте дела масло на платно во октомври ќе бидат презентирани на изложба по повод манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.