Најавен како „Балкан фест“, настанот организиран од Турската националана телевизија, во саботата (1 септември, 2012 година) на Плоштадот Македонија ги обедени некои од најзвучните музички имиња од 9 балкански земји.
На целовечерниот концерт во центарот на Скопје настапија познати изведувачи на традиционална музика од Балканот: Есма Реџепова (МК), Исмаил Лумановски (MK), Георге Христов (БГ), Теодосиј Спасов (БГ), Ирма Либохова ( АЛБ), Ханка Палдум (БИХ), Сузан Кардеш (ТУР), Сурки Туткун (ТУР), Серкан Чари (ТУР), Мирко Свенда(ХР), Ксенија Мијaтовиќ (СРБ), Шкурте Фејза (КС), Софиа Папазоглу (ГР), Христос Пападопулос (ГР).
Ѕвездите беа придружувани од голем симфонсики оркестар специјално составен за оваа прилика. 60- те музичари доаѓаа од различни земји: Македонија, Турција, Албанија,Косово, Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Настан беше пренесуван во живо на ТРТ1, а целта, покрај меѓусебното запознавање на културите на балканските народи, беше да се испрати и пораката дека музиката не познава граници.