Промоција на „Историјата на Македонија“ од Шатев во Битола

Утре (среда, 30 јануари) во Националната установа народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во 12:00 часот, ќе бидат промовирани двата тома од собраните ракописи на Павел Шатев „Историја на Македонија“ со биографија од Борис Сарафов.

Изборот и преводот се на Предраг Димитровски, предговор и редакција д-р Зоран Тодоровски.

Поздравна реч ќе одржи Науме Ѓоргиевски директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Промотори се проф. д-р Виолета Ачковска и проф. д-р Зоран Тодоровски.

Организатори се Државнит архив на Македонија и издавачката куќа „Македоника литера“

You May Also Like