На 12 март во Музејот на македонската борба, ќе биде промовирана книгата „Танец – промотор на фолклорно-кореографска школа со национален предзнак“ во издание на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.
Авторни на книгата се Кирил Тодевски – етномузиколог и Блаже Палчевски – етнолог. Книгата ќе ја промовира Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
На промоцијата ќе биде претставено ДВД изданието „Песни за јунаците“ на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Промотор ќе биде Кирил Митровски – раководител на пејачката група на „Танец“.