„Принесување на фантазијата“ во чест 100 години од раѓањето на Јиржи Трнка во КИЦ

Изложбата „Принесување на фантазијата“ организирана по повод 100 години од раѓањето на Јиржи Трнка ќе се отвори утре (четврток, 23.02.2012 година) со почеток во 19:00 часот во изложбениот салон – Империјал 2, во Културно информативниот центар во Скопје.

Истата ќе биде претставена и во Германија, Велика Британија, Русија, Словачка, Јапонија, Италија и Швајцарија. Покрај поставката во КИЦ која ќе биде отворена се до 3 март,  ретроспектива на анимираните филмови на Трнка ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија.

Директорката на Кинотеката на Македонија, Мими Ѓоргоска – Илиевска објасни дека селекцијата на анимирани филмови кои ќе бидат прикажани е правена од страна на Чешкиот филмски архив. Дел од панелите со репродицирани дела ќе бидат изложени и во Кинотеката.

Јиржи Трнка е еден од најистакнатите личности во чешката уметност на 20 век и еден од најголемите европски и светски аниматори кој дал голем придонес во почетоците на формирањето на куклената анимација. Го нарекувале и Волт Дизни на истокот.

Илустрирал над сто книги, а снимил и десеттина анимирани куклени филмови во кои главните теми се преземени од секојдневието. Дел од неговите филмови преставуваат и критика упатена кон општеството. Тој неретко го отварал и прашањето за творечката слобода на поединецот.

You May Also Like