Евроазиски уро-онколошки конгрес во МАНУ

Од денеска (30 јануари, 2013) до  2 февруари, во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи V Евроазиски уро-онколошки конгрес.

Конгресот е во заедничка организација на Македонската академија на науките и уметностите, Истанбулскиот универзитет, Здружението на уролозите на Република Македонија, Здружението на уролозите на Република Турција, и е под покровителство на Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Турција.

На Конгресот ќе учествуваат истакнати уро-онколози од Република Македонија, Република Турција и од повеќе балкански земји.

You May Also Like