Промоција на „Историја на македонскиот фолклор“

Вечер (среда, 26 декември) во 19:00 часот во Матица ексклузив ќе биде промовирана книгата „Историја на македонскиот фолклор“ од Кирил Пенушлиски.

Со публикувањето на ова дело издавачот ја одбележува стогодишнината од раѓањето на основоположникот на науката за фолклорот во Македонија. За животот и делото на Пенушлиски ќе говорат неговите следбеници Танас Вражиновски и Марко Kитевски.

You May Also Like