Вчера (вторник, 25 декември) во читалната „1000 книги“ беа промовирани нови 13 стручни учебници од областите на медицината, архитектурата, градежништвото, туризмот и дипломатијата, дел од проектот „Преводи на 1000 стручни и научни книги”.
Вчерашната промоција беше четириесет и четврта, а вкупно до денес од проектот се преведени 750 книги кои се користат на најреномирани светски универзитети.
На промоцијата присуствиваа министерот за образование Панче Крале и премиерот на република Македонија Никола Груевски.
Досега завршени се три четвртини од проектот, а последната четвртина е во фаза на реализација и неговото завршување се очекува наредната година.