Семинар за Арт-терапија во Гевгелија

Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници” кој го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија и МНЗА „Македонското научно здружение за аутизам“ на 23 и 24 септември во Гевгелија – хотел Аполонија, ќе се одржи семинар/работилница на тема:„Основи на Арт-тепаријата и примена кај деца со посебни потреби“.

Apolonija-hotel-Gevgelija

 

Арт- терапијата е форма на психотерапија која не се интересира за естетиката на произведеното од страна на детето во процесот на работа, туку целта е да му се помогне на детето да направи одредена промена, да ја развие личноста како и својот потенцијал. Оваа терапија е средство кое непосредно влијае и го олеснува процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби во рамките на редовните училишта.

Ова е осми настан од серијата 11 семинари/работилници кои се дел од овој проект и се посветени на прашањата поврзани со децата со посебни потреби.
Предавачи на овој семинар ќе бидат претставници на „Бугарската асоцијација по арт терапија“:Валентина Маринова – психотерапевт од Р.Бугарија и м-р Јасмина Лукановска – дефектолог и арт – окупационен терапевт од Скопје.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права, со 77.000 евра.Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

You May Also Like