Вечерва (02 март, сабота), со почеток во 21:00 часот во салата за свадби на Домот на културата во Битола, концерт ќе одржат „Бернајс Пропаганда”.
Концертот е промоција на нивниот последен албум „Забранета планета“ а специјални гости им се „Молокаи“ .
После овој концерт Bernays Propaganda заминуваат на 70 дневна европска турнеја организирана од бендот и нивната издавачка куќа Направи Заедно.