Од денеска (2 март, 2013 година, сабота), во Кинотеката на Македонија започнува специјалната програма „Кино Будење“.
„Кино Будење“ е пладневен ритуал составен од три дела:
1. Проекции на наградувани филмови кои, со нивните високи вредности, оставајќи белег во кинематографијата, си обезбедиле место во графата – култни. Изборот е направен според критериумот: ако не сте ги гледале, неизоставно гледајте ги, а ако ви се омилени, не пропуштајте ја можноста за повторна средба со нив.
2. Секоја проекција ќе биде „отворена“ од страна на наши познати имиња кои и самите, со белегот на сопствените високи вредности, ќе застанат зад филмот што им го препорачуваат на присутните.
3. „Кино Будењето“, вклучува и кафе со мафин, пред филмските проекции кои почнуваат во 12.30.
Програма:
02 март 2013
ИГРАЧКА ПЛАЧКА (THE CRYING GAME), трилер, драма, романса, 1992, Велика Британија
Режија: Нил Џордан
Награди: Оскар за најдобро сценарио, БАФТА за најдобар британски филм
09 мaрт 2013
ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО (BURNT BY THE SUN), драма, 1994, Русија
Режија: Никита Михалков
Награди: Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје, Гран-При на Канскиот филмски фестивал
16 март 2013
ТАЈНИ И ЛАГИ (SECRETS AND LIES), драма, 1996, Велика Британија
Режија: Мајк Ли
Награди: Златна палма на Канскиот филмски фестивал; БАФТА за најдобра главна женска улога, Златен глобус за најдобра женска улога
23 март 2013
СЕКС, ЛАГИ И ВИДЕОЛЕНТИ (SEX, LIES AND VIDEОTAPE), драма, 1989, САД
Режија: Стивен Содеберг
Награди: Златна Палма на Канскиот филмски фестивал, награда од публика на Филмскиот Фестивал Санденс
30 март 2013
ВО ЗЕНИТОТ НА СОНЦЕТО (PURPLE NOON) 1960, трилер, Франција
Награди: Едгар Алан По награда за најдобар странски филм
Идејата и изборот на филмовите е на Бистра Георгиева и Константин Лошков. Реализацијата е овозможена благодарение на Кинотеката на Македонија, нејзината отвореност за соработка со ентузијастички тимови, нејзиниот слух за иновации, со еднинствена цел: подигање на нивото на културната свест, а во слава на филмскиот квалитет.