Утре (сабота, 2 март) во организација на Институтот за цивилен развој и политички анализи РесПублика – Скопје, ќе се одржи предавање „Говор на тело“ со м-р Александра Велева, во просториите на правниот факултет „Јустинијан Први“, со почеток во 12:00 часот.
Учесниците ќе се запознаат со основите на говорот на тело, неговата примена и ќе бидат разгледани практични примери од реалноста и исто така е наменето за сите кои сакаат да се запознаат со невербалниот начинот на комуницирање.
Сите заинтересирани потребно е да го потврдат своето учество најдоцна до денес (1 март) institutrespublica@gmail.com .