Денес, на Филолошкиот факултет „БлажеКонески“ во Скопје, во организација на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности беше промовиран неколкујазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – прв интернетски портал од ваков вид кај нас и содржински најобемен интернетски портал зад кој стои издавачката куќа „PHI“ од Луксембург.
Со промоцијата на порталот, најреномираната високообразовна институција за филологија во земјава го одбележа големиот јубилеј 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.
Промоцијата започна со поздравна реч на деканот на Филолошкиот факултет, проф.д-р Славица Велева, по што слово за Шопов и за интернетскиот портал одржа проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. „Периодот од 1944 година кога се појавува неговата прва стихозбирка, па сè до 1950 година, критичарите го оценуваат како прв творечки круг на Ацо Шопов. Уште во овој прв период тој се манифестира како изразит лиричар, кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната,интимна лирика во современата македонска книжевност.
Поопстојно, „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ го претстави Јасмина Шопова, носител на проектот, препејувач и ќерка на поетот. „Лирскиот дом на Ацо Шопов’ е виртуелен простор во кој што отсега ќе живее поезијата на татк оми, нејзините препеви, нејзините аудио-визуелни интерпретации, оствртите кон неговото творештво, како и споменот за него. Порталот www.acosopov.com допрва содржински ќе се збогатува и ќе се развива и на другијазици” – порача Шопова.