Промоција на четири музички видеа од ФМУ

Денеска (вторник, 13 мај 2014 година) со почеток во 13:30 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе се одржи промоција на 4 музички видеа во аудио и видео реализација на студентите од одделот за сонологија со мултимедија  при Факултетотза музички уметности во Скопје.

4muzicki_videa_fmu

Одделот го водат доц. д-р Трена Јорданоска и проф. д-р Димитрије Бужаровски: Мајда Бошњак, Јана Серафимова, Костадинка Троковска, Блерим Ќамили, Пеце Нешковски, Илија Грковски, Нестор Черепналковски и Дејан Трајкоски.

Во музичките видеа настапуваат флејтистите Биљана Камчева, Даниела Петкоска и проф. м-р Страшо Темков и обоистката Танкица Митева со изведба на дела за соло инструмент од Томислав Зографски, Георг Филип Телеман, Кржиштоф Зграе и Бенџамин Бритн.
Покрај нив, се претставуваат и студентите од катедрата за балетска педагогија Ема Величковска, Кристијан Јангоски, Викторија Илиоска, Елена Ристеска, Бојана Додевска, Елизабет Колевска, Ангела Јордановска и Бистра Делиниколова во кореографија на доц. д-р Искра Шукарова; како и сликарката доц. м-р Јана Јакимовска.

Музичките видеа по проекцијата ќе бидат поставени и ќе можат да се видат на страницата на Архивот Бужаровски http://www.mmc.edu.mk/.

You May Also Like