Се работи за претстава преку која се развива љубовта кон театарот кај младите во градот, бидејќи е наменета за најмладата популација и допира теми кои нив моментно ги преокупираат.
,,Ангел,, од Д.М.Ларсон, во режија на Гоце Саздано е претставата која Младинското драмско студио „Театар 4 Студио 5“ при центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп премиерно ќе ја прикаже денеска (среда,12 ноември) од 20:00 часот.
Кореографијата е на Климентина Трајческа, а во претставата играат Емилија Чавлеска, Давид Папазовски, Теодора Трајческа, Борче Василески, Надица Дојкоска, Филип Димчески, Стефанија Стефаноска, Андреј Стефаноски и Христијан Стојковски.
– Преку духот на 50 години, младите аматери актери ќе се обидат да ја раскажат приказната за Пеги и нејзината мисија – вели режисерот.