In memoriam: Никола Ивановски – Балтон

Вчера (понеделник, 31 декември 2012) во Скопје на 64 годишна возраст почина Никола Ивановски Балтон – академски сликар и актуелен секретар на ДЛУМ (Друштвото на ликовните уметници на Македонија).

Никола Ивановски Балтон до почетокот на 2012 ја извршуваше функцијата технички секретар на ДЛУМ, а потоа и ја превзема функцијата на генерален секретар на друштвото која ја извршуваше до крајот на животот.

Оние големи изложби на ДЛУМ во Париз и Софија беа под неговаа реализација за чии ангажман несебично се вложи себеси. Во моментов како секретар на ДЛУМ ја подготвуваше престојната годишна –ревијална изложба на членовите на друштвото.

Балтон, зад себе остави голем број на уметнички дела и за тоа говотат многуте самостојни и групни изложби, учеството на многу уметнички колонии. За своето творештво е многупати наградуван меѓу кои и најголемата награда „ Нерешки мајстори“ за сликарство во 2011 година.

You May Also Like