Повик „Лице в лице со животната средина“

Платформата за активизам, во чии рамки се печати уличното списание „Лице в лице“, упатува повик насловен „Лице в лице со животната средина“ за креирање на фотографија, постер, цртеж, слика или друго креативно дело кое е реакција на она што ни пречи во нашата околина, а што се однесува на животната средина.

!Povik_licevlice_so zivotnata sredina

Организаторите јавуваат„Повикот важи од 12-ти мај до 9-ти јуни и е наменет до сите средношколци, студенти, ентузијасти кои сакаат да креираат различни дела, но и за сите заинтересирани граѓани кои сакаат на свој начин да придонесат за подигнување на еколошката свесност.

Делата, со кусо објаснување за нив, треба да бидат испратени исклучиво по електронски пат, на licevlice@cma.mk, најдоцна до 9-ти јуни 2014 година, во резолуција за печат (најмалку 300 dpi). Заедно со испратеното дело, учесниците треба да достават и име, презиме и контакт телефон.
Конкурсот важи за сите граѓани, жители на Република Македонија, без ограничувања по никаква основа.

Првичната селекција на делата, која ќе ја направи жири со стручњаци во повеќе области, ќе биде објавена на 11 јуни, на фб страната на „Лице в лице“. Потоа граѓаните ќе гласаат за три најдобри дела (преку „лајкување“ на фејсбук) и тие ќе ја направат конечната селекција која ќе биде претставена на изложба на почетокот на јули. На оваа изложба ќе има и дела од наши уметници (фотографи, дизајнери, сликари) кои исто така ќе творат за „позелена околина“.
Селекција на дела од уметниците и од учесниците во повикот ќе биде објавена и во 11. број на активистичкото улично списание „Лице в лице“.
За најуспешните автори од овој повик се обезбедени вредносни награди.

„Лице в лице со животната средина“ е дел од повикот „Вклучување граѓани за позелена Европа“, кој пак е во склоп на ЕУ – проектот „Развој на ЕНВ.нет во Западен Балкан и Турција: давање глас на граѓаните за да влијаат на процесот на реформите од животната средина за поблиска интеграција во ЕУ“.

За дополнителни прашања, сите заинтересирани можат да се јават на телефонот 02 2 466 – 444, или на мејл licevlice@cma.mk“.

You May Also Like