Во Музејот Неолитско село на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, по четврти пат се одржа манифестацијата „Големата Мајка“организираше општина Гази Баба.
Манифестацијата пред многубројната публика, ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, кој ја истакна важноста на мајката, нејзиното значение за домот, семејството и животот во заедницата, всадени во корените на македонскиот народ, милениуми наназад.
На манифестацијата беше промовиран Проектот „Ајде сите на оро“ со преработки на македонски народни песни и ора, од Сашо Митев.
Осврт на проектот„ Ајде сите на оро“, како резултат на досегашните достигнувања на професионален план од областа на македонскиот фолклор и етномузикологијата на Сашо Митев, даде Проф. Др. Родна Величковска, од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје.
Во музичкиот дел свој настап имаа Сашо Митев, Златко Мадевски , ЦЕМФ Митеви, Валентина Димитриевска и Давид Темелков. Настанот го водеа Жаклина Ангелеска Костадиновски и Петко Костов, членови на аматерскиот театар „Чекори“.
За време на манифестацијата ученици од основните училишта Крсте Мисирков, Дане Крапчев, 25 Мај, Н.Н. Борче и Вера Јоциќ, твореа ликовни творби од кои на крајот се направи изложба.
За своето залагање и несебична помош во реализацијата на проектот Неолитско село Тумба Маџари, раководителот на проектот, Елена Канзурова му додели благодарница на Градоначалникот Тони Трајковски.