Промоција на филмски рецензии од Тони Цифровски во Кинотека

Денеска (среда, 5 септември, 2012 година) во Кинотеката на Македонија во 11:00 часот ќе биде промовирана книгата филмски рецензии на Тони Цифровски со наслов „Кинеење“.

Поднасловот кој ги обединува 60-те филмски рецензии е „Кино-живеење, а делото ги опфаќа рецензиите што во последните четири години Цифровски ги објавува во дневниот весник „Дневник“.

За „Кинеење“ ќе говорат директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска Илиевска и филмологот Петар Волнаровски.

Книгата на Тони Цифровски е во издание на „Маска“ од Скопје, а со финансиска помош од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like