На оваа изложба Ефтимовски ќе се претстави со 15 дела во галериски формат изработени во камен.
На 29ти октомври (среда), со почеток во 20:00 часот во музејот на Град Скопје – стара железничка станица, ќе се отвори изложбата на скулптури “Simplum Lapidem” на академскиот скулптор Александар Ефтимовски.
Македонски скулптор кој има организирано неколку самостојни изложби во Германија и Словенија, како и земено учество во многу групни изложби и симпозиуми за скулптура ширум Европа.
Каменот како материјал, неговата структура, текстура и боја, од секогаш го импресионирале авторот. Обликот на делата, тој ја одредува според првобитната форма на каменот и неговото моментално расположение и инспирација. Делата, на некој начин, од нивната првобитна форма се филтрираат преку неговите идеи во нивниот моментален облик. Тие се апстрактни и се окарактеризирани со едноставни овални и геометриски форми.
Силен впечаток му оставаат римските архолошки наоѓалишта изградени комплетно од камен во регионот на Андалузија – Шпанија, па и затоа името на оваа изложба го дава на латински јазик. Му се допаѓа таа традиција на обработка на каменот на која и комплетно и се посветува.