Во Софија отворена изложбата “Павел Шатев – Живот посветен на Македонија”

Огромен интерес кај софиската публика за изложбата посветена на богатиот животен и ревoлуционерен пат на Павел Шатев.


Вчера вечер (среда, 28 ноември), изложбата беше отворена во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а за делото на Павел Шатев зборуваа, амбасадорот на Македонија во Бугарија Благоја Ханџиски, директорот на Државниот архив на Македонија д-р Зоран Тодоровски, директорот на КИЦ на Македонија во Софија, Васко Шутаров и директорот на Музеј на град Кратово, Драган Георгиевски.

Изложбата е остварена во соработка на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и Музејот на град Кратово, а помогната од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like