Промоција на романот „Собирач на светови“ од Илија Тројанов

Денеска (среда, 5 септември, 2012 година) во 19:00 часот пред книжарницата ТРИ во ГТЦ ќе биде промовиран романот  „Собирач на светови“ од Илија Тројанов. Промоцијата воедно ќе значи можност за средба со авторот.

 

„Собирач на светови“ ги следи патувањата на Бартон низ Блискиот Исток и Африка, раскажани од страна на луѓето што го опкружуваат: отоманскиот бег на Хијаз, кој спроведува истражување за неговото патување до светите места, и поранешниот африкански роб, кој го води Бартон до езерото Танганика. Воден од силниот спој на сочувство, љубопитност и храброст, Бартон ќе стане голем истражувач додека постојано го ризикува својот живот и својата репутација.

Наградуваниот европски бестселер „Собирач на светови“ е возбудлива приказна за извонредниот живот на Сер Ричард Бартон, една од најинтригантните и најконтроверзните личности од викторијанската ера.

Авторот за потребите на романот се упатил на тримесечно патување низ Танзанија по трагата на самиот сер Бартон, што на приказната и дава дополнителна автентичност.

—————————-
Илија  Тројанов,  роден 1965  година  во  Софија,  израснал  во  Кенија,  а  денес живее  во  Виена.  Студирал  право  и  етнологија  во Минхен  и  во 1992  година  ја основа  издавачката  куќа „Марино”,  специјализирана  за  африканска  книжевност.
Во 1998  г. се преселува во Индија од каде што пишува репортажи и есеи. Потоа извесно време живее во Капштат, па се враќа во Германија и на крајот се вдомува во Виена.
Досега  има  објавено  преку  дваесет  книги  кои  се  преведени  на многу  светски јазици,  а добитник  е и на бројни книжевни признанија, меѓу кои и наградата  за најдобар роман  за „Собирач на светови”, доделена од Лајпцискиот саем на книга во 2006 година.

You May Also Like