Циклус бајки на кино-репертоарот во Охрид

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со гете институтот и Кинотеката на македонија започнуваат со прикажување на „Циклус бајки“.

bajki

 

Циклусот бајки ќе зпочне на 2 септември во 20:00 часот со проекција на филмуваната бајка „Златокоса“.

Распоред на проекции:

1.”ЗЛАТОКОСА”
(вторник) 2-ри септември 2014, почеток 18.00 часот,
Режија: Бодо Фирнајзен,
Откако една вештерка ја украла Златокоса од нејзините родители со години ја држела затворена во една кула. Оттогаш вештерката била единствената со која таа има контакт. Секогаш кога сакала да оди кај неа ја повикувала: „Златокоса, Златокоса, спушти ја косата!“ и Златокоса ја спуштала косата и со неа ја повлекувала нагоре.Еден ден принцот го видел тоа и кога се искачил по неколку метри долгата коса на Златокоса, се вљубил во убавата девојка.

2.„Чудото од Берн“
(вторник) 2-ри септември 2014, почеток 20.00 часот,
Режија: Зенке Вортман, сценарио на Зенке Вортман и Рохус Хан.
Улогите ги толкуваат: Луис Кламрот, Петер Лохмајер, Јохана Гастдорф.
Чудото од Берн раскажува приказна за односот татко-син, како и автентичната приказна за неочекуваната победа на германската фудбалска репрезентација на Светското фудбалско првенство во 1954 г. Девет години по завршувањето на Втората светска војна, сè уште не се вратени сите војници од воено заробеништво. Единаесетгодишниот Матијас, кој никогаш не го видел татко си, си нашол замена за татко во фудбалскиот репрезентативец од Есен, Хелмут Ран. Но, по цели 12 години во семејството се враќа таткото на Матијас…

3.”МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ”
(среда) 3-ти септември 2014, почеток 18.00 часот,
Режија: Кристијан Тееде,
Кога умрел стариот мелничар, неговиот син Ханс го наследил само стариот мачор, додека неговите браќа ја добиле мелницата и магарето. Ханс за малку ќе направел
крзнени ракавици од животното, кога мачорот го убедил наместо тоа да му купи еден пар чизми. Мачорчето со црвените чизми потоа засекогаш ќе им ги подобри животите на Ханс и неговите браќа

4.„Летечката училница“
(среда) 3-ти септември 2014, почеток 20.00 часот,
Режија: Томи Виганд, 110 мин.
сценарио на Хенриет Пипер и Франциска Бух
Улогите ги толкуваат: Урлих Нојтен, Себастијан Кох, Пит Клоке. Таткото го испраќа дванаесетгодишниот Јонатан во интернатот на Томанерите. Тоа е неговата последна шанса откако морал да смени шест училишта. Во интернатот брзо си наоѓа нови другарчиња. Цимерите му го покажуваат тајното скривалиште во еден напуштен вагон. Една вечер ненадејно се појавува сопственикот на вагонот. Боб по долго време повторно се вратил во Лајпциг и им дозволува на момчињата и понатаму да го користат вагонот. Таму го пронаоѓаат ракописот од претставата „Летечката училница“ која сакаат да ја изведат наместо сцената од раѓањето на Исус. Меѓутоа, раководителот на хорот Јустус не го дозволува тоа. Децата насетуваат дека има некаква поврзаност меѓу забраната, Боб и Јустус.
4.”КРАЛОТ ЖАБА”
(петок) 5-ти септември 2014, почеток 18.00 часот.
Режија: Франциска Бух,
За нејзиниот 18-ти роденден принцезата за подарок добива златна топка што мајка и ја оставила во наследство. Додека весело си игра со другарките топката паѓа во езерото на замокот. Принцезата е премногу тажна, иако тој ден очекуваат посета од еден млад човек кој треба да и ја побара раката. Од тоа зависи и иднината на осиромашеното кралско семејство. Една жаба и ветува дека ќе ја извади топката од езерото ако таа и дозволи со неа да го прослави роденденот и да јаде од нејзината чинија.

5.”ТРНОРУШКА”
(петок) 5-ти септември 2014, почеток 20.00 часот.
Режија: Оливер Дикман,
Ова е филмска адаптација на класичната бајка за Трнорушка. Како што претскажала лошата волшебничка, принцезата на нејзиниот 15-ти роденден паѓа во стогодишен длабок сон, a со неа и целиот замок кој веднаш го обвиткува густа бодликава жива ограда. 100 години подоцна, откако многу принцови ќе се обидат да ја спасат девојката, храбриот коњушар Фин, решава да се справи со предизвикот.

6. “ХРАБРИОТ КРОЈАЧ”
(сабота) 6-ти септември 2014, почеток 18.00 часот.
Режија: Кристијан Тееде,
„Седум со еден удар“ – младиот херој кој го извикува ова е кројач кој со еден удар убива седум муви. Тоа го поттикнува на уште поголеми подвизи и тој заминува низ светот. Прво налетува на банда џинови кои ги надитрува, а потоа доаѓа кај ексцентричниот крал и неговата убава ќерка Паула. Сака таа да му стане жена, но претходно мора да се справи со неколку авантури и да го спаси кралството.

8.„Големиот сон“
(сабота) 6-ти септември 2014, почеток 20.00 часот.
Режија: Себастијан Гроблер, 113 мин.сценарио на Себастијан Гроблер и Раул Б. Рајнерт.
Улогите ги толкуваат: Даниел Брил, Бургарт Клауснер, Томас Тиме.
Во времето кога училишното образование е проследено со голема дисциплина и речиси воена строгост, младиот наставник по англиски јазик Конрад Кох предлага револуционерен метод на учење. Тој ги предава јазикот и културата на неговиот предмет со помош на фудбалот, што претставува едвај позната спортска дисциплина што ја запознал во Англија. На тој начин, сака да го зајакне тимскиот дух на неговото одделение. Оваа педагошка мерка наидува на негодување кај неговите колеги, политичките претставници на градот и неколку многу влијателни родители. Тие се обидуваат да се ослободат од Кох и во тој момент учениците решаваат нештата да ги преземат во свои раце. Приказната се базира на вистински настани.

You May Also Like