„Ла колони волвокс“ на концертна промоција во Словенија

На 10 септември (понеделник) македонската група „Ла колони волвокс“ ќе одржи концерт во „Сачмо џез-клуб“ во Марибор, Словенија. Концертот е всушност промоција на нивниот петти албум насловен „АЕИОУ“.

Албумот „АЕИОУ“е под влијание на ворлд-музиката, а песните во него се на: француски, македонски, ладино, турски, босански јазик… Од Трубадурите и Катарите, преку Балканската култура и влијанието на исламот, се до рок ен рол музиката „АЕИОУ“ ја пренесува единствената универзална порака Љубовта!

Албумот содржи три оргинални, пет традиционални песни и две кавер верзии. „АЕИОУ“ треба да излезе кон крајот на септември под етикетата на домашната дискографската куќа „И гоу ист рекордс“.

photo by maja argakijeva
photo by maja argakijeva

Концертот во Словенија е организација на културната амбасада „Марибор“, во соработка со македонската амбасада во Словенија. По настапот во Марибор ќе следува и концертна промоција во Скопје, но и низ другите македонски градови.

„Ла колони волвокс“ беше формирана во 2002 година и до сега имаат реазлизирано 4 албуми:Abstractology (2006) Wasteland (2006) Europa (2009) East West and Rest (2010).

 

You May Also Like