Денеска (сабота, 19 јули) во 19:0 часот во заводот и музеј во Битола ќе биде промовирана стихозбирката „Страсти“ од Светлана Папачек.
Светлана Папачек е родена во Скопје 1973год.Уште од основно училиште почнува да пишува за училишниот весник, за приредби, за конкурси…Членува во литературни секции и добитничка е на многу пофалници и награди за литература.
Љубовта ја донесе во Битола во 1995год.Со доаѓањето не престанува желбата и поривот за пишаниот збор.Напротив.Зрееше таа а заедно со неа зрееше и нејзината поезија.
Стихозбирката „Страсти” е нејзиното првенче – едно од многуте што следат.Во неа стиховите се напишани за љубовта, страдањето, солзите…Силни и длабоки чувства пренесени на лист хартија.Инспирација – нејзината љубов и страст, но и други љубовни стории кои допреа до неа.Измешани чувства преточени во емоции.