Писателите избираат ново раководство

Редовното изборно собрание Друштвото на писателите на Македонија ќе го одржи на 5 април.

DPM-drustvo-na-pisateli

Покрај претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избираат и статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа. На овој највисок собир на македонските писатели ќе се избира и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ. Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ со програма треба да се пријават најдоцна до 14 март.

You May Also Like