Промоција на романи од Сања Мучкајева Видановска

Вечер (четврток, 9 август, 2012 година) во „Магаза“ 20:00  часот ќе бидат промовирани четири романи од сања Мучкајева Видановска. Промоцијата е во рамките на Бит Фест.

Во рамките на оваа манифестација организирана од страна на Организацијата на жени од Битола  а во рамките на најдолгото лето во државава Битолско културно лето Битфест ќе бидат промовирани делата на битолчанката Сања Мучкајева Видановска. Станува збор за четири романи; „Грешници“, „Грешници 2-Модерна бајка“, „Самица“ и „Петтата приказна“. Покрај промоцијата на романите, манифестацијата ќе биде збогатена и со изложба на ракотворби направени од рацете на жените од Организацијата на жени од Битола.

You May Also Like