Со премиерното издание на филмот ‘’Два живота’’ во петокот започна Фестивалот на новиот германски филм, традиционално во организација на германските институции Германската Амбасада и ПроКредит Банка.
Фестивалот продолжува во кино Фросина до 16 октомври, а и во останатите 9 града (Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Штип, Велес, Куманово).
Организаторите јавуваат: „ Без претенциозна помпа, но затоа со топлина која ве следи од влезот на киното Милениум, организатори кои средечно Ве поздравуваат и се заедно со присутнте за да разменат збор два за очекувањата од овој фестивал, па се до фактот дека самите тие остануваат на нога, се чувствува дека е направено се за “неговото Височество Гледачот”. 80-тина гледачи навистина останаа без столче поради тоа што за првиот ден на Фестивалот, влезот е слободен и има промотивна функција, а несомнено говори дека овој фестивал има веќе познат сензибилитет и верна публика.
Како и секоја година, фестивалот ја задржа својата афтентичност-затоа што во сите 10 години остана доследен да ги истакне карактеристиките на германската кинематографија: длабочина, простор за размислување, тематика од германското секојдневие, па и историја.
Организаторите, ПроКредит Банка и Амбасадата на Република Германија се горди со својот проект кој го негуваат од новороденче, успеа да се развие во созреан 10 годишник кој е способен да го задоволи истенчениот вкус на македонскиот граѓанин. За таков фестивал потребни се германски карактристики: долгорочно партнерство, професионализам, упорност, истрајност и јасен фокус. Кога ќе ја проследиш програмата од 14 филмови и на самото свечено отварање чуствуваш дека организаторите го отсликуваат германското потекло: скромни и фокусирани да понудат загарантиран квалитет и нешто поинакво за кое несомнено има публика во Македонија.
‘’Уште од самите почетоци на фестивалот, верувавме во квалитетот на германската кинематографија. Затоа како единстевна германска банка во Македонија 10 години сме организатоари на овој фестивал и верен партнер на германската култура.’’ – Изјавија од ПроКредит Банка.
По највата дека треба да се живее премиерно, бидејќи животот нема реприза, премиерно се прикажа наградуваниот филм “Два животи”. И овој пат, организаторите направиле одличен избор, претставувајќи една драма од времето на функционирањето на шпионската служба на Западна Германија – Штаси. Земајќи туѓ идентитет, една од активистките на службата ја гради својата лична среќа и новиот живот, кој во еден момент се руши како кула од карти, бидејќи сѐ излегува на површина“ – велат организаторите..
Фестивалот продолжува во кино Фросина до 16 октомври, а и во останатите 9 града (Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Штип, Велес, Куманово).