Изложба „Приказната продолжува“ на Бит фест

Вечер (четврток, 9 август, 2012) во 20:30 часот во изложбениот салон на Друштвото на ликовните уметници на Битола (ДЛУБ) ќе биде отворена изложбата „Приказната продолжува“ на Етнокреатив ЈП & ПЈ.

„Приказната продолжува“ е инспирирана од македонската везилка, а Етнокеретив ЈП &ПЈ ја раскажуваат за да е падне во незаборав.

Етнокеретив ЈП &ПЈ е силно мотивиран тим кој со голема љубов веќе 10 години на специфичен начин преку уметничко ракотворење ја негува и популаризира македонската култура и традиција, при тоа несебично ја споделуваат својата љубов со сите оние кои умеат да ја вреднуваат уникатноста на македонскиот фолклор.Во повеќегодишното творештво, имаат уичествувано на повеќе групни изложби и манифестации во Битола, Скопје, Велес , Охрид, Делчево, Лерин (Грција), Влодава (Полска). Во 2010 се номинирани за најдобри промотери на Македонија.Изложбата ќе ја отвори етнологот Наде Геневска – Брачиќ.

You May Also Like