Денеска (11 септември, чеврток) во 19:00 часот во спомен-куќата на Браќата Миладиновци во Струга ќе се одржи промоција на книгата раскази „Нова приказна“ од Мерсиха Исмајлоска.
Струшката промоција на „Нова приказна“ е замислена како кафе-муабет, а разговорот ќе го води Мите Стефоски.
Mерсиха Исмајлоска е родена во Струга. Mагистрирала на тема од компаратистиката, теоријата на филмот и визуелните уметности, на која дисциплина е и докторант при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. Својата окупацја со проблемот на книжевното и визуелното ја пренесува и во работата со студентите на Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, каде работи во моментов. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други разни собири од областа на културата, науката и уметноста. Преведена е на хрватски, бугарски и други јазици.