Затворена ликовната колонија „Скопје 2014“

Во петокот свечено беше затворена деветтата по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“, која се одржа од 20 до 30 август во хотелот “Солун”.

zatvoranje_likovna_kolonija_skopje_2014(1)

 

Колонијата се затвори со одржување на свечен коктел на која присуствуваа сите учесници на овогодинешната ликовна колонија, како и изложба на делата кои беа направени оваа колонија.

На годинешното издание на Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ учествуваа десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации, кои живеат и творат во различни средини. Оваа година учество зедоа Татјана Манева, Валбона Атанасковска, Дејан Иванов, Гоце Илиевски и Коста Клифов од Република Македонија, како и Роман Кисјов од Република Бугарија, Зоран Илиќ од Република Србија, Ѓулај Инче од Република Турција, Клаудија Шефлер од Република Германија и Александар Вукотиќ од Република Црна Гора.

На затворањето на Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ присуствуваа и раководителот на Секторот за јавни дејности на Градот Скопје, Татјана Балаќ, како и директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова.

Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like