Денеска (четврток, 11 септември) во Синеплекс пристига премиерата на „Луси“, со Скарлет Јохансон и Морган Фримен во главните улоги.
Од режисерот на „Никита“, „Професионалец“ и „Петтиот елемент“, Лук Бесон, човекот кој ги создаде некои од највпечатливите акциони херои во филмската историја пристига новата хероина „Луси“.
Во соработка со тимот на Industrial Light&Magic, македонската компанија ФХ3Х работеше на визуалните ефекти на овој филм. Вкупно 45 артисти работеа на околу 85 кадри, во должина од 8,3 минути.
По повод премиерата на филмот, во фоајето на киното посетителите ќе имаат можност да учествуваат во . Тие ќе можат да го тестираат капацитетот на својот мозок во решавањето на сложувалки, умствени игри и да ја проверат својата способност против робот раката која ја изработија студентите на ФЕИТ.