Гил Аниџар (Gil Anidjar) ќе одржи предавање со наслов “Раса, нација, религија”.Настанот ќе се одржи денеска (петок, 9 мај 2014 год.), со почеток во 19:00 часот во Менада.
На предавањето ќе му претходи промотивен говор на проф. Софија Грандаковска за делото на Аниџар. Настанот е дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ.
Гил Аниџар предава на Катедрата за религија и на Катедрата за студии по Среден Исток, Јужна Азија и Африка на Универзитетот Колумбија (САД). Тој е автор на „Нашето масто во Андалузија: Кабала, философија, книжевност во арапско-еврејските писма [2002]; „Евреинот, Арапинот: историја на непри-јателот“ [2003], „Семити: раса, религија, литература“ [2008] и „Крв: Критика на христијанството“ [2014]. Во моментов е гостувачки професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.