Денеска (7 јули, понеделник) во 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола концерт ќе одржи Неврокопскиот ансамбл од Бугарија.
Основан во 1946 година, Ансамблот за народни песни и ора е прв од ваков вид во Бугарија. Исто така, ансамблот е познат и под името „Јане Сандански“ кое гордо го носи повеќе години. Исто така, познат е и како ансамбл на Неврокопскиот регион, според старото име на градот Гоце Делчев – Неврокоп. Ансамблот бележи половина век творештво, во кое врши откривање, зачувување и репродукција на народните танци и традиции, фолклорот и етнографското богатство на Бугарија. Ансамблот има одржано над 4000 концерти пред повеќе од 3,6 милиони гледачи ширум светот.