Стартуваше меѓународната ликовна колонија „Аполонија 2012“

Познати ликовни уметници од земјава и странство во наредните десет дена ќе творат во мотелот „Вардар“ кај Гевгелија, а нивните дела ќе бидат презентирани на изложба што ќе биде отворена веднаш по завршувањето на колонијата.

 

Претставник на Шведска е сликарот Понтус Ерсгард, од Бугарија Велизар Захариев и фотографот Рајко Каришиќ од Србија. Македонската ликовна екипа предводена од академикот Васко Ташковски ја сочинува: Ниче Василев, Владимир Темков, Цветанка Темкова и Марија Дичова.
Градот домаќин го претставуваат скулптурот Перо Кованцалиев и графичарот Димитар Јованов.

You May Also Like