Никола Маџиров добитник на наградата за светска поезија во Кина

Наградата за светска поезија за 2011 година на нашиот поет му ја доделува фондацијата „ДЈС“. Одлуката е објавена на официјалната страница на „Поезија Исток-Запад“, издавач на истоимениот магазин за литература кој негува превод на светска литература на кинески јазик и обратно.

Наградата на фондацијата „ДЈС“ вклучува износ од 1.000 долари и објава на книга на кинески јазик следната година. Поезијата на Никола Маџиров беше објавена на кинески јазик во списанието „Поезија Исток-Запад“ во 2011 година, а за сериозноста на оваа награда зборува и фактот што истата година во истото списание на кинески јазик беа објавени стихови и на нобеловците Вислава Шимброска и Томас Транстромер, на полскиот поет Адам Загајевски и други светски автори.

Mаџиров следната година ќе отпатува во Кина следната година, каде што ќе биде промовирана негова книга на кинески јазик.

Оваа голема меѓународна награда за него доаѓа по успешната промоција на неговата книга „Преместен камен“на германски јазик во Берлин, Бремен и Келн и пред неговото патување за Лондон, каде ќе ја претставува Македонија на поетската Олимпијада „Поетски Парнас“ на која ќе учествуваат по еден автор од сите земји на светот.

You May Also Like