Вечерва (сабота, 27 април) во Гевгелија, со почеток во 20:30 часот во објектот на новиот градски театар ќе се одржи промоција на две литературни дела: На книгата „Constant in“ од Константин Карев и на романот „Коцкар“ од Бобан Богатиновски.
Книгата и компакт дискот „Constant in“ опфаќаат дела создадени во период од 20-тина години. Изданието е тројазично – песните се на македонски, англиски и на руски јазик.
Промотор на книгата и на компакт дискот „Constant in“ ќе биде етаблираниот музички уметник Андријана Јаневска, естрадна пејачка и прва виолина во Македонската опера и балет. Романот „Коцкар“ е дело на плодниот македонски автор Бобан Богатиновски. Делото го доживеа своето трето издание, првпат се претставува пред читателите во Гевгелија.
Промотор на романот „Коцкар“ ќе биде госпоѓата Жаклина Свеќаровска, писател, професор во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.
Гости на настанот, со свои авторски музички дела ќе бидат: Дуото Илија Ристов и Вангел Бојмалиев – Геле; и д-р Страхил Ташевски.