Велешкиот театар со „Бетија“ гостува во Гевгелија

По повод денот на општината 7ми ноември во Народниот Театар во Гевгелија ќе гостува Театарот Џинот од Велес со комедијата „Бетија“.

teatar_dzinot_komedija_betija_gostuvanje_gevgelija

Театарската претстава „Бетија“ е работена по мотиви на Анџело Беолко – Руцанте, режисер е Никола Ристов, а во неа играат актерите: Зоран Љутков, Јордан Витанов, Зорица П.Панчиќ, Едмонд Сотир, Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев, Александар Георгиев, Јован Рибарски, Димитар Глушов.

Билетите се бесплатни и можете да ги подигнете во фоајето на театарот од понеделник од 09 до 15 часот и вечерта пред почетокот на претставата.

You May Also Like