Спортскиот Центар „Борис Трајковски” и официјално ја претстави новата веб страна, која од денес започнува со работа.
Веб страната е комплетно редизајнирана и е насочена кон промоција на активностите поврзани со центарот кои, отсега, ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија.
„Отсега, сите содржини и активности поврзани со СЦ Борис Трајковски, граѓаните ќе можат да ги најдат на новата, редизајнирата веб страна. Како што веќе беше најавено, страницата е user friendly и лесна за навигација, а најзначајна новина е фактот што истата ќе биде постојано ажурирана со цел доставување релевантни и навремени информации до пошироката јавност, изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.
На новата веб страна на СЦ „Борис Трајковски” ќе бидат претставени и сите новитети, пакет понуди и промотивни активности кои центарот ќе ги организира во следниот период, се со цел доближување на институцијата до граѓаните и полесен пристап до содржините.