Сиги со нова песна со наслов „Стреп“

Петар Голуб сега познат веќе како Сиги од Токсикологија извади нова песна со наслов „Стреп“. Текстот е на самиот изведувач, музиката е на Номадузз, а аранжманот на Гоги Полизов.

Сиги досега зад себе го има издадено албумот „Скрипти на еден писател“ (2009) и „Токсикологија 4ЕКЕРАУКЦ – Квалитетен македонски Хип Хоп“ како аудио проекти и како видео проекти, „Те Сакам“, „Пушти Глас (со Кацар)“, „“Премногу (со Скитара)“, „4екераукц (Токсикологија)“, „Насмевки“, „Колку си им потребен (со Џоле)“.

Сиги иако е релативно млад со текстуална креативност која го поврзува артистот со неговото време и младите генерациски истомисленици кои го следат и делат неговиот став изразен преку рап музиката.

Член е на македонската Хип Хоп групација „Токсикологија“, работи и соработува со својата екипа за заедничка цел – да ја прошират Хип Хоп културата на што поголема маса на луѓе, носејќи го македонскиот рап шмек на повисоко ниво. Сиги обработува разновидни теми, некои општи, повеќето субјективни, сите реални и поттикнати од искуства кои ги доживеал, осетил, видел и чул.

Првиот соло аудио-проект го изработи со Скит Скитара (Токсикологија ), кој му овозможи на Сиги да биде слушнат и разбран од многу истомисленици.

You May Also Like