Денеска (вторник, 26 август) во 11:30 во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат промовирани две книги за деца од авторката Цвета Спасикова.
Станува забор за насловите „песна во гнездото“ – поезија за деца и „Приказни и умотворби од дедовото огниште“. Промотор на книгите ќе биде Роза Костеска.