Македонската виолинистка Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе реализира концерти на 26 и 27 август во Радовиш и Велес.
Концертот на 26 ти август ќе биде реализиран во Домот на културата ,, Ацо Караманов,, во Радовиш со почеток во 20 часот. Концертот е со наслов ,,Музика и танц” и на него ке бидат изведени бисери на класичната музика низ призмата на танцот, кој се трансформирал низ музичката историја.
Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе реализираат концерт во Велес на 27 август, во Младинскиот парк со почеток во 20. 30 часот. Концертот е со наслов ,,Апасионато” и на него ке бидат изведени композициите од истоимениот албум на Пламенка Трајковска, кој претставува спој на класична музика од познати композитори и современ музички стил. Концертот претставува музичка атракција на кој се применува најсовремено озвучување за гудачки инструменти и мултимедијални елементи.
Концертите се во рамките на Топлиот културен бран и се поддржани од Министерството за култура и од општините Радовиш и Велес.