Отворање на изложбата „Словенските градови во 2д “ во МАНУ

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (1 април) во 12 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе се обрати на отворањето на изложбата „Словенските градови во 2д – историја на словенските главни градови низ архивски материјал“.

MANU - Makedonska akademija na nauki i umetnosti

Во Македонската академија на науките и уметностите ќе се отвори изложбата „Словенските градови во 2д – историја на словенските главни градови низ архивски материјал“.

Станува збор за изложба која е плод на соработката помеѓу Државниот архив на Македонија и историските архиви од Белград, Љубљана, Киев, Братислава, Минск, Москва, Прага, Сараево, Софија, Варшава и Цетиње.

You May Also Like